Министерството за здравство воведе забрана за посети на хоспитализирани пациенти, како дел од мерките за спречување на ширењето на сезонскиот грип. Истовремено, сите здравствени установи се задолжени да ги спроведуваат превентивните мерки, вклучувајќи носење заштитни маски, дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца каде што е возможно.

 2.880 нови случаи на грип за една недела

Според податоците на Институтот за јавно здравје – Скопје, од 3 до 9 февруари 2025 година, во земјава се регистрирани 2.880 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е 5,1% помалку во споредба со претходната недела.

 Грипот најмногу ги погодува децата

 Највисока инциденца се забележува кај децата од 0-4 години.

  • 1.552 случаи се регистрирани кај лица од 15-64 години
  •  685 случаи кај деца од 5-14 години
  • 371 случај кај деца од 0-4 години
  •  272 случаи кај лица над 65 години

 Градови со најмногу заболени:

  • Скопје – 692
  • Струмица – 333
  • Битола – 304
  • Свети Николе – 158
  • Охрид – 141
  • Велес – 140
  • Радовиш – 122
  • Кавадарци и Куманово – по 109

Министерството апелира на дисциплина!

Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи состојбата и апелира граѓаните да избегнуваат гужви, да носат маски и да одржуваат хигиена.

Доколку имате симптоми на грип, препорачливо е да се обратите кај матичен лекар и да избегнувате контакти со други лица.