Екипата на ГРК Тиквеш 2014 тим кој следната сезона ќе биде наш претставник на меѓународна сцена се засили со Обина Ани, интернационалец и репрезентативец на Нигерија.

Управата на кавадарчани периодов засилено работи на комплетирање на ростерот за следната сезона, како со обновување на договорите на актуелните играчи, така и со доведување на адекватни засилувања кои ќе го кренат квалитетот на екипата на едно сосема друго ниво.