Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 23-годишен жител на скопското село Волково, кој според ОЈО со месеци сексуално злоставувал петгодишно девојче.

„Според обезбедените докази, обвинетиот извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Злоставувањето траело од мај до јули во домот на обвинетиот, кој го принудувал петгодишното девојче на полови дејствија и му се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко“, пишува во соопштението од Обвинителството.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.