Наводи за проневера во случајот Државна лотарија

Неколку медиуми јавуваат дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби веќе ангажирал адвокат да го застапува во случајот за наводната проневера на над 8,2 милиони евра од Македонската државна лотарија.

Адвокатот преговара за условите за враќање

Наводно, Владимир Доневски, адвокатот ангажиран од Груби, синоќа го посетил Јавното обвинителство и предложил Груби да се врати во земјава под услов да се изрече поблага мерка – поточно куќен притвор наместо притвор.

Обвинителот бара притвор

Јавното обвинителство веќе побара притвор, но конечна одлука по ова барање се очекува во текот на денешниот ден.

Координирана операција на девет локации: Полицијата влезе кај Артан Груби и Перпарим Бајрами, сомнежи за криминал во лотарија

Нема официјална потврда

Засега нема официјална потврда за овие тврдења на медиумите. Но, Груби претходно пиша Фејсбук статус каде јавно пишува дека никаде не бега и дека наскоро ќе се врати назад во Македонија.

Црната листа на САД и обвинувањата за корупција

Претходница на овој настан е ставањето на црната листа. Груби, кој претходно беше прв вицепремиер во владата на Ковачевски, и судијата Енвер Беџети, се новододадени на црната листа на САД. Во своето официјално соопштение, Стејт департментот на САД откри дека Груби и Беџети биле вмешани во значителна корупција, вклучително и примање мито за случаи поврзани со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.