Потпретседателот на Гугл, Џејсон Розентал нагласи:

– Во продавницата на „Гугл“, клиентите ќе можат да купуваат широк избор на производи од „Гугл“, почнувајќи од телефоните „Пиксел“до производите „Нест“, уредите „Фитбит“ до „Пикселбукс“

Тој најави дека производите ќе можат да се купуваат и преку интернет на „Гуглстор“ (GoogleStore.com) и да ги подигнат своите нарачки во продавницата.

– Новата продавница на Гугл е важен следен чекор во нашето хардверско патување за обезбедување на најкорисно искуство на Гугл, каде и кога и да им е потребно на луѓето, посочи Розентал.

Додека Епл ги интегрираше своите физички продавници во својата маркетинг стратегија, Mајкрософт минатата година објави дека трајно ги затвора своите малопродажни објекти, освен неколку што ќе се користат како „центри за искуство“.