Бразилскиот парламент усвои закон со кој му се дава почесно државјанство на седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, во знак на признание за неговата приврзаност кон Бразил и легендарниот возач Аиртон Сена.
– Добив почесно државјанство во едно од моите најомилени места во светот, објави Хамилтон на својот Инстаграм профил, кој го следат 28.4 милиони луѓе.
– Во моментов немам зборови. Ти благодарам Бразил, те сакам, и одвај чекам повторно да те видам, напиша британскиот возач, кој поради претстојната трка за Големата награда на Азербејџан овој викенд не можеше да доÐ �атува во Бразил.
На неговата порака одговори еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Пеле.
– Ти честитам Луис. Среќен сум што од овој момент можам да те сметам за сонародник, објави Пеле на социјалните мрежи.