Синот на Бајден ќе се изјасни за виновен по две точки од обвинението за даночни прекршувања, се наведува во судската пријава во Делавер, пренесуваат светските медиуми.
Истрагата против Хантер Бајден заврши со спогодба за признавање вина
Петгодишната федерална истрага против синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден, е решена со договори за признавање вина за данок на доход и обвиненија за поседување огнено оружје, изјави неговиот адвокат.
Обвиненијата против Хантер ги покрена Дејвид Вајс, американскиот обвинител од Делавер, кој беше ангажиран од поранешниот претседател Доналд Трамп.
Хантер во декември 2020 година рече дека канцеларијата на Вајс го истражува неговото даночно прекршување, но тој негираше дека сторил нешто незаконско.
Истрагата на Вајс првично беше фокусирана на потенцијални даночни прекршувања и перење пари додека работи во странство, особено во Кина, изјавија извори за Ројтерс. Истрагата започна во 2018 година, јавуваат американските медиуми.