Тој посочи дека Албанија е членка на НАТО алијансата и дека и Косово треба да биде членка на западниот воен сојуз.

-Албанците никогаш не биле поблиску до безбедносна организација како што е НАТО. Албанија е во НАТО и ние сме блиску до НАТО. Косово исто така треба да биде во НАТО. Ако на Косово не му биде дозволено да влезе во ОН и да се приклучи на НАТО, мора да се обединиме со Албанија, рече тој.