„Хероите никогаш не умираат“. Ова е пораката која македонските граѓани си ја разменуваат цели 24 години по трагичниот настан. Во знак на сеќавање на осумтемина припадници на специјалните единици на МВР и АРМ кои на 28 април 2001 година, од заседа, беа масакрирани кај тетовско село Вејце.
Во масакрот кај Вејце загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.
Осумтемина загинати барнители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.
Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот кај Вејце.
Срамен потег: Искршена новата плоча со имињата на бранителите кај Вејце
За жал, низ текот на годините нивната спомен плоча, која остана како нешто последно во нивна чест честопати беше руинирана.
Масакрот кај Вејце е најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случил на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени. Потоа биле масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“.
Повеќе информации за масакрот може да прочитате ТУКА.