Во Њујорк министерот за надворешна работа и надворешна трговија Тимчо Муцунски се состана со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации (#UNGA2026).
На средбата главни теми беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици и натамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Попладнево во Њујорк, на маргините на #UNGA2026, остварив средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство
Посебен акцент беше ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.
Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој
