Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на дуото „ДНК“, херојски загинал спасувајќи млади од пожарот што го зафати Диско клубот „Пулс“ во Кочани. Веста за неговата смрт е потврдена од неговото семејство до телевизијата Телма.

Во истата трагедија загинаа и други членови на бендот, вклучувајќи го Филип Стевановски од Куманово и Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, додека фотографот на групата исто така е меѓу жртвите, според најновите информации.

Андреј Ѓорѓиески: Херојска жртва

Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од „ДНК“, го загуби животот во обид да спаси млади.

„Андреј Ѓорѓиески, член на дуото ‘ДНК’, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт е добиена од неговото семејство“, објави Телма.

Сведоштва тврдат дека тој по втор пат влегол во пожарот да спасува луѓе.

Неговата херојска акција го направи симбол на храброст во трагедијата.

Други жртви од „ДНК“

Трагедијата зафати повеѐ членови на бендот.

„Филип Стевановски од Куманово, придружен член на ‘ДНК’, загина во пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, според извештајот на ТВ Стар. Тој беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез музика, и работеше во Државниот музички училишен центар ‘Сергеј Михајлов’ во Штип“, наведоа од телевизијата.

Тапанарот на групата, Ѓорѓи Ѓорѓиев, исто така е меѓу загинатите.

„Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, тапанар на ‘ДНК’, загина во несреќата. Ах бре убаво дете, во сите списоци и болници те баравме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за загубата на нашиот сограѓанин. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, чија музика ширеше радост. Мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите што го сакаа. Нека почива во мир, а споменот за него да живее вечно“, соопшти струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Според најновите податоци, и фотографот на „ДНК“ е меѓу жртвите.

„Најновите информации потврдуваат дека фотографот на групата ‘ДНК’ исто така загинал во пожарот“, објавија извори.