Учество на министерската тркалезна маса на форумот за води

Во Истанбул се одржува 5. Меѓународен форум за води, каде што министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа учествуваше на министерска тркалезна маса.

Тој во своето обраќање се осврна на предизвиците поврзани со водните ресурси, нагласувајќи дека климатските промени и актуелните геополитички околности ја зголемуваат потребата од одржлив пристап.

ЕУ стандарди и регионална соработка

Хоџа посочи дека земјата го следи европскиот пат во управувањето со водите, вклучително и примената на Рамковната директива за води на Европската Унија.

Тој истакна дека решенијата мора да бидат заеднички и координирани меѓу државите.

„Потребни ни се заеднички решенија, засновани на податоци, размена на искуства и координирано делување. Ова не е избор, туку неопходност, истакна Хоџа.“