Институциите значително ги интензивираа активностите и ја забрзаа меѓусебната координација за ефикасно справување со семејното насилство и насилството врз жените. Ова беше истакнато на денешната панел-дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, организирана под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“, каде што како клучен приоритет беше нагласена навремената интервенција и поддршката за настраданите лица.
„Мотивирани од она што го работиме заедно, морам тука да кажам дека тука веќе со протоколи и Јавното обвинителство, каде што морам да кажам дека одржавме и институционален состанок пред само неколку дена, меѓутоа и претходно беа активирани и вклучени во други наши работни групи и состаноци каде што разговаравме отворено како треба да постапиме, бидејќи бројките ако ги видите помеѓу тоа што се пријави од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, колку предмети презеле и колку одлуки донеле ќе видите дека тоа е по години намалено за 30%“, рече Велковски.
Надлежните органи имаат за цел да постапуваат унифицирано, стручно и строго според утврдените правилници, како во делот на регистрирањето на пријавите, така и во навремената превенција на можните инциденти на насилство.
„Значи не толку ефикасно во даден момент Јавното обвинителство постапувало се осозна, дека дел од самите структури таму не се целосно запознаени со проблематиката на семејното насилство. Затоа се одржаа обуки каде што службениците од сите овие институции, вклучувајќи ги тука Министерство за образование и наука и останатите направија една квалитетна обука за тоа како треба да се постапува, за првпат се обучени имаме 33 лица во Македонија кои потоа по институции како што е Министерство за внатрешни работи, МОН, сите чинители во центрите за социјална работа да добијат квалитетна обука да знаат протоколарно да постапуваат по однос на пријава, а пред се и на превенција доколку се случи“, рече Велковски.
