Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа Утре во 9 часот заедно со градоначалникот на Неготино ќе заминат на локација старо ФЕМ каде е најавен протест во врска со откупните цени на грозјето.
Министерот и градоначалникот сакаат да ги сретнат граѓаните кои ќе се појават на протестот за да ги информираат дека откупната цена на грозјето која лани изнесуваше 6-8 денари, сега изнесува 11-13 денари.
Владата ја активираше и дополнителната мерка од +2 денари по килограм, а за изнаоѓање на поволни решенија министерот и надлежните се во постојани консултации со здруженијата и со винариите.
Од Министерството за земјоделство брифираат дека ваквиот отворен пристап на разговори со сите засегнати страни без политички и партиски заднини може да донесе само подобро информирање и подобри услови за лозарите.