14 лица загинаа во пад на мал авион во северната бразилска држава Амазонас, соопшти гувернерот на таа држава.

Несреќата, во која загинаа 12 патници и двајца членови на екипажот во авионот „embraer bandeirante“, се случи во саботата во провинцијата Барселос, на околу 400 километри од главниот град Манаус, пренесе Ројтерс.

Гувернерот Вилсон Лима во интервју за весникот „О Глобо“ изјави дека жртвите се бразилски туристи.

Лима објасни дека регионот бил зафатен од силен дожд и дека веројатната причина за несреќата била погрешно одредена рута во моментот на слетувањето.

Центарот за истрага и превенција на несреќи започна истрага за причините за несреќата.