„Одлука за зголемување на платите на вработените во ЈП Градски Паркинг не беше вчерашна одлука, не сум го направил тоа пред бегање, туку тоа беше одлука за која што подготвував повеќе време. За зголемување на платите на работниците во ова претпријатие правевме длабински анализи и финално минатата недела поднесов и официјално писмено барање за изјаснување на синдикатот на Градски паркинг кој што се изјасни нормално позитивно. И потоа во текот на минатата недела упатив и иницијатива до Управниот одбор на претпријатието, кое што така случајно излезе вчера на седница на Управен одбор во 14:00 часот на која што не присуствува јас бидејќи веќе бев во оставка, ја донесе таа одлука по моја иницијатива со што сите вработени околу 280 во Градски Паркинг во ноември октомвриската плата ќе ја земаат со покачување од 3.000 денари“, истакна Бојан Христовски во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Христовски додаде вработените во ЈП Градски Паркинг со покачувањето ќе земаат подостоинствена плата.
„Вработените во ЈП Градски паркинг ќе земаат повеќе од инспектори во министерството за внатрешни работи“, нагласи Христовски.