Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примаат само една доза вакцина.
– Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција.
Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.
– Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да примат и втора доза, рече Цапак.
– Секој што ја прележал болеста ќе добие една доза вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека е тој трае три до шест месеци, а ние сметаме дека тој имунитет е доволен за шест месеци, рече директорот на ХЗЈЗ.