-Постигнавме 50 проценти вакцинирано возрасно население. Благодарност за сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни. Втората фаза од борбата против коронавирусот е пред нас. Изберете наука и искуство, напиша Берош.
Најголем опфат на вакцинирани со прва доза е постигнат во Градот Загреб (48 проценти од вкупното население, или 58 проценти од возрасната популација), исто како и кога е во прашање целосна вакцинација (44,2 проценти од вкупно граѓани и 53,5 проценти од возрасната популација).