„Пораката со која одиме во БиХ е знак и сигнал за пријателство, добра волја, добрососедство, соработка, порака за интегритетот на БиХ, но и порака дека сите три конститутивни народи (…) се чувствуваат добро и адекватно застапени“, рече Пленковиќ.

На хрватскиот премиер му беше приреден свечен пречек пред Советот на министри и Парламентот на БиХ, по што заедно со неговиот домаќин, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, започнаа официјални разговори во кои ќе учествуваат и министри.

Во хрватската владина делегација се и министерот за финансии Здравко Мариќ, министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, министерот за море, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ и државната секретарка за европски прашања Андреја Метелко-Згомбиќ.

Од босанската страна на разговорите учествуваат министерот за финансии Вјекослав Беванда, министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац и министерот за врски и транспорт Војин Митровиќ.

Премиерот Пленковиќ ќе се сретне и со лидерите на двата дома на Парламентот на БиХ.