Како се ближат парламентарните избори, така се повеќе се зачестија кавгите на министрите во владата на СДСМ и ДУИ со новинарите, што според некој е одраз на паника и страв кај владејачката коалиција.
Вчера револт покажа вицепремиерот за економски прашања во владата на СДСМ и ДУИ, Фатмир Бетиќи, која ја напушти прес конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски бидејќи еден од новинарите постави прашање дали се спремни целата власта да ја препуштат во рацете на ДУИ доколку не успеат избороте со оглед дека СДСМ има договор со ДУИ последните 100 дена од нивното владеење ДУИ да предложи Албанец за премиер.
Доколку поради високиот цензус има опасност да не успеат претседателските избори, а СДСМ има договор со ДУИ 100 дена последните, ДУИ премиер да предложи. Дали сте спремни ако не успеат изборите Талат Џафери да биде претседател, од ДУИ премиер, па целата држава да биде во рацете на ДУИ, праша новинарот.
Но, откако Битиќи го слушна прашањето, нервозно стоејќи позади Ковачевски кој во моментот требаше да одговори на поставеното прашање, си замина од изјавата на премиерот и гласно рече дека тој не треба да стои таму на овие прашања.
-Нема потреба јас да стојам тука на ова прашања, рече вицепремиерот Битиќи и револтирано си замина.
Веднаш како ја напушти прес конференцијата Битиќи, и премиерот Ковачевски упати кротика до новинарот дека поставува некоректни прашања.
Прашањето ваше беше апсолутно некоректно… Денес во нашата држава имаме концепт за Европска Македонија кој што го предводи Владата и СДСМ, кој што го третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска или било која припадност. Меѓутоа имаме појава на еден популизам, кој што во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, кој што за мене е форма на модерен фашизам. Ви благодарам на прашањата и се гледаме во наредна прилика“, му рече Ковачевски на новонарот.
Но, иако мовонарот се обиде да му објасни на Битиќи дека воопшто не станува збор за националистичко прашање, туку политичко, Битиќи се нафрли дека не сака да слуша никакво објаснување.
И ова не е прв ваков случај во кој министрите во владата на СДСМ и ДУИ ги критикуваат новинарите за нивните прашања кои го поставуваа, а кои се од јавен интерес за граѓаните.
Претходно министерот за економија Крешник Бектеши и се нафрли на новинарка зошто поставувала прашање за висината на цената на природниот гас, посочувајќи и на новинарката дека најверојатно има добра комуникација со другите колеги од други медиум, па ги поставува нивните прашања.
Добра соработка веројатно имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, но нема проблем, тука сум и секогаш отворен транспарентно да одговорам“, изјави Бектеши.
На тоа реагираше новинарот од телевизија Телма кој присуствуваше на прес конференцијата на Бектеши кој му укажа на министерот дека е време да престане со коментарите. На ова Бектеши посочи дека „не е место тука да се даваат коментари, туку да се поставуваат прашања.
„Не сте тука повикани да давате коментари, туку да поставувате прашања. Ако мисите дека во прес-центарот може да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, да ги повикате луѓето што сакате да ги прашате и да дебатирате, не е тука местото да се дебатира туку да се поставуваат прашања, а наше е да одговориме и како сакаме да одговориме“, му рече Бектеши на новинарот.
Поматаму, и првиот вицепремиер Артан Груби на прес конференција за коридороте 8 и 10д, се скара со новинар од Телма зошто се интересирал за променетата сопственост на компанијата што треба да ги гради овие патишта, а по нецелосни одговори од вицепремиерот, „Вие забегавте“. По ова, Груби врати: „Не, вие забегавте“.
По ова непријатна ситуавија, Груби одбиваше да одговори на новинарските прашања на новинарот и бараше извинување затоа што се навредил. Па откако доби извинување од новинарот, Груби му порача дека иако не е денеска Прочка ќе му прости.
-Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам, без разлика, му рече Груби на новинарот од Телма.
На денешното недолично однесување на ппремиерот Ковачевски, реагираа и од Македонската асоцијација на новинари (МАН) кои побараа од Јавното обвинителство веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза.
Премиерот Ковачевски во неколку наврати има лош однос кон одредени медиуми и новинари, нарекувајќи ги дека уредувачката политика им наликува на партиски сектор за комуникација, како и ги прашува новинарите од кои медиум доаѓаат за да размисли дали ќе им одговори.
Ваквиот пример на некоректно однесување на премиерот Ковачевски, го следат и неговите министри во владата, кои наместо транспарентно да одговорат на новинарските прашања за теми кои се од интерес на граѓаните, ги окарактеризуваат новинарите како проопозоциски настроени.