Тој исто така е во Шутка, место во куќен притвор.

Во истрагата се осомничени уште две лица кои добија поблаги мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патните исправи.

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, од куќен, денеска беше префрлен во притвор во Шутка откако кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја прифати жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој никој не го користи.

– Никогаш не сме аргументирале толку педантно и толку обемно дека првоосомничениот е имотен, може да бега и спокојно да живее во бегство и оти може да влијае врз сведоците во постапката што се води против него. Истото се однесува и за второосомничениот, изјавила Вилма Рускоска за СДК.мк.