Бугарските медиуми излегоа со нови сознанија за српскиот научник Никола Тесла. Според нив, крштеницата на Тесла е напишана на „чист бугарски“ јазик.
Во крштеницата Никола Тесла е запишан како Николај неговото семејство и предците имаат бугарски корени од иселениците од Банат и од Македонија, а неговиот дедо го носел презимето Тесличков. Тоа според бугарските медиуми е доволен доказ дека научникот е Бугарин.