„Партијата што го посеа коцкањето во секое маало, сега се коцка и со правдата. Али Ахмети, изгледа, веќе го уплатил тикетот. Артан Груби, според него, е невин и ќе биде прогласен за невин. Судењето трае, доказите сè уште не се извадени на маса, но Али веќе го погодил резултатот“ соопштија од ВРЕДИ.
Велат „до вчера велеше дека Груби треба да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба. Сега веќе нема „ако“. Ахмети ја смени плочата. Од најава за одговорност стигна до целосна невиност. Што се промени во меѓувреме? Зошто Ахмети го менува ставот секогаш кога положбата на Груби станува потешка? Дали го брани Груби или се обидува да се заштити себеси?“.
„Уште полошо, Ахмети ја гарантира невиноста на човек кого САД го ставија на црната листа токму поради вмешаност во судски процеси. Малку премногу случајности. Судот не е политичко казино на ДУИ, а пресудите не се пишуваат во партиското седиште“ е ставот на ВРЕДИ.
