Се најавуваше отказ, но по денешната седница на УО на ФФМ, Благоја Милевски останува селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
Од „Куќата на фудбалот“ информираа за одлуките кои се донесени, а помеѓу нив не е отказ за Милевски. Новост во федерацијата по денешната седница е именувањето на Наталиа Илиевска Божиновска за нов Генерален секретар.
Одлуките кои се донесени:
– Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24.
– Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.
– Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.
– По истекот на вториот четиригодишен мандат на Генералниот секретар Филип Поповски, Управниот одбор го констатираше престанокот на законски утврдениот максимален мандат.
– На седницата на Управниот одбор за нов Генерален секретар се назначи Наталиа Илиевска Божиновска вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.