Силниот ветер вчера не го оддувал загадувањето во доволна мера за да имаме чист и здрав воздух, па среднодневната концентрација на ситните честички ПМ10 на сите мерни станици во Скопје ја надминува максимално дозволената концентрација од 50 микрограми на кубен метар водух – во Лисиче беше 73, во Центар 70 микрограми.
Денеска воздухот во Скоопје има ниски часовни вредности, но сепак и натаму го има на ранг-листата на IQAir, каде моментно е на 33. место со индекс на загадување од 82.
Во источната зона е поинаку, само Струмица е со надмината максимална среднодневна концентрација, која изнесува 62, а во Берово, Кавадарци и Велес воздухот е чист.
Во западната зона надминувањевчера имаше само во Кичево, 60 микрограми на кубик воздух, а во сите останати градови среднодневната вреднист е под 50 мцг/м3.
УХМР најави дека деновиве дува засилен и силен јужен ветер, кој освен потопло време, придонесува и за намалување на загадувањето. Според прогнозата ветровито че биде до крајот на неделата, но и дождливо, па се очекува да нема опасно загадување, ниту долготрајни епизоди.