Како што соопшти МВР, меѓу казните 38 се за возење повеќе од дозволената брзина, 10 за возење без возачка дозвола, седум санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон за време за возење, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта