Корисниците од неколку улици во скопските општини Бутел, Гази Баба и Чаир утре ќе останат без напојување со електрична енергија поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Во општина Бутел, без струја во периодот од 07:55 до 09:55 часот ќе бидат дел од потрошувачите лоцирани на улиците Марко Крале и Љубо Петровиќ.
Во општина Гази Баба, прекин е најавен на ул. 840 и дел од улица Благоја Стефковски (ул. 1), во времето од 09:00 до 13:00 часот.
Дополнително, во општина Чаир, поради активности во ТС Чаир 18, кои опфаќаат чистење, долевање масло во кабелските глави и подмачкување на раставувачите, без електрична енергија од 10:10 до 12:10 часот ќе останат потрошувачите на улиците Вуковарска и Струмичка.
