Тој во интервју говореше токму за овој трансфер, но и за многу други теми.

Една од нив беше за Кристијано Роналдо, кој од Јувентус се врати во Манчестер Јунајтед.

-Тој веќе го познаваше клубот, но тоа беше во друга фаза. Сега се прилагоди на импресивен начин. Од почетокот како и секогаш постигнуваше голови и немаше проблеми со прилагодувањето. Во Премиер лигата не им оди толку добро, но тоа е многу тешко и изедначено натпреварување во кое се може да се сврти. Мина време откако не играме во иста лига. Се натпреварувавме лично и тимски за исти цели и беше тоа убав театар за нас, но и за луѓето, затоа што многу уживаа. Тоа е убав спомен кој ќе остане во историјата на фудбалот– изјави Меси.