Ансамблот за народни песни и игри на Македонија, „Танец“, е основан од владата во Скопје во 1949 година. Негова задача била да го претставува богатото културно наследство на Македонија како „македонско“, а не како бугарско. Низа негови членови се репресирани заради нивното откажување да им служат на овие перверзии.
Ова во електронското издание на софиски „Труд“ го пишува Спас Ташев од БАН во текст насловен како „Репресиите врз ансамблот „Танец„“. Како негова основа авторот ја користи посетата и престојот на „Танец“ во САД во јануари 1956 година.
„…Групата пристигнува со два авиона во Њујорк на 20 јануари, откако преку југословенската амбасада се шири инфорамација дека тоа е „југословенски национален фолклорен балет“. Тоа соопштение буквално ја крева на нозе организираната македоно-бугарска заедница, која ја знае ситуацијата во „Танец“. Така, на пример, во меморандумот до ООН од 1953 година, потпишан од 26 репресирани студенти од Македонија, е опишана судбината на познатиот фолклорист и кореограф на ансамблот Трајко Попов од с.Раштак, кој „во тој период беше егзекутиран на жесток начин-главата му беше смачкана со железен чекич“.
Во врска со раширените белградски тврдења, ЦК на Македонските патриотски организации во САД и Канада излегува со официјален став-„Македонската група „Танец“-неколку интересни податоци за неа во врска со посетата на Америка“, објавен во „Македонска трибуна“. Во него се вели дека „тоа не е никаков „југословенски“ фолклорен балет, туку македонска играорна група „Танец“, која е организирана од државата“.
Во истражувањето спроведено од амигранти од Вардарска Македонија се утврдува дека „фолклорната група „Танец“ фактички е наследник на познатата танчерска група од селото Лазарополе, населено со здрави планински македонски Бугари. Тие играорци, како и да бидат претставени од југословенските комунисти, си остануваат македонски Бугари…“.
Во продолжение од текстот се споменуваат првите директори на „Танец„ и нивните истории и судбини Трајко Атанасов, Емануел Чучков и Аспарух Николов, се разбира низ улогата на некогашната УДБА.
Извор: Пресинг ТВ