– Генерално новата Влада ќе продолжи да биде проблем доколку начинот на функционирање на оваа Влада продолжи да биде ист како со постапувањето со директорот на тетовската болница. Со поднесената негова оставка од морални причини после една таква страшна трагедија, и после речиси 3 месеци таа оставка не е ефектуирана, односно оној којшто од морални причини рекол дека ќе се повлече сеуште е на таа функција, истакна Илиевски.

Тој додаде дека далеку сме ние од влез во ЕУ и не може да очекуваме дека почетокот на преговори со ЕУ ќе ги подобри нештата. Во случај кога имаме нова Влада којашто се базира за барање за меѓународни истраги за одредени случаи коишто сега се правосилни и сега Алтернатива го реафирмира тоа барање, а тоа може да се протолкува како недоверба на правосудниот систем.

Зоран Заев уште во 2016-та истото го најавуваше за меѓународни истраги за одредени случаи како за случајот ,,Монструм,, за некаква си нова вистина, и согласно методот на функционирање на правосудните органи не откривме никаква нова вистина, заклучи Илиевски.