Повеќе од 64,000 родители бараат отштета од 1,4 милијарди евра. Како главна причина се наведува фактот што TikTok без дозвола собира податоци за малолетници поради рекламирање. Поради ова, децата се изложени на опасности поради т.н. предизвици.
Сопственик на TikTok е кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.
Според условите за користење на TikTok, на малолетните лица им е потребна дозвола од нивните старатели или родители. На децата помали од 13 години им е забрането да ја користат апликацијата.