СВР Велес поднесе кривична пријава против 32-годишната жена, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.
– На 26.10.2020 во 16.57 часот, со намера да прибави противправна имотна корист, В.Д. ги земала кредитните картички од нејзиниот дедо и од банкомат подигнала пари, без предходно да ги извести нејзините дедо и баба, информираат од МВР.