Откако во петокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека во Собранието на Република Македонија веќе има ново парламентарно мнозинство, власта непрекинато прави огромни притисоци врз дел од пратениците кои го дадоа својот потпис за да истата час поскоро падне.

Па така во еден момент се доби впечаток дека притисоците на власта си дадоа резултат кога еден од пратениците на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди изјави дека нема да руши влада заедно со партијата Левица која според него има антиалбански пристап, меѓутоа остави простор да види што ќе одлучат органите на неговата партија.

И веднаш после изјавата на пратеникот Скендер Реџепи дека ќе го повлечи неговиот потпис, власта преку владините медиуми на големо почна да шират вести дека се стопи новото мнозинство и за некоја случајност Извршниот и Централниот одбор на СДСМ не му ја прифатија најавената оставка на Заев како што се и очекуваше.

Инаку факт е дека Зоран Зоран досега никогаш не го одржал дадениот збор, а во случајот и испадна како сам да не си ја прифатил сопствената оставка што дополнително ја изиритира јавноста.

Но како и да е, еуфоријата за тоа дека новото парламентарно мнозинство се стопи кратко траеше.

Имено, синоќа албанските медиуми објавија дека сепак пратеникот Скендер Реџепи-Зејди ќе гласа за пад на оваа влада која се докажа како најнеспособна влада досега.

-Највисоките партиски органи на Алтернатива одлучиле, нивните 4 пратеници да ја поддржат иницјативата за недоверба на Владата, објави новинската агенција на албански ИНА.Како што објави ИНА, постигната е согласност околу позиции, исто така на истите лини е согласен и пратеникот Скендер Реџепи-Зејд.

Додека пак истиот пратеник на Алтернатива вчера потврди дека го прифаќа и предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски дека ако сака Скендер Реџепи може да одбере 19 пратеници од опозицијата и заедно со нив тој да поднесе нова иницијатива за гласање на доверба на владата.