Францускиот кошаркар во Партизан, Матијас Лесор беше најдобар во победата на неговиот тим над Црвена звезда од 92-81, но по крајот на мечот направи инцидент откако реши да го удри Филип Петрушев.

Лесор постигна 27 поени и беше прогласен за МВП не само на мечот, туку и на колото во АБА лигата, но за него сега се пишува поради инцидентот за кој сигурно ќе добие казна.

По последниот звук на сирената, тој двапати го удри Филип Петрушев, веројатно како некоја одмазда за некои претходни дуели меѓу нив двајца.