Индискиот сој на ковид-19 е регистриран кај лице кое транзитирало на еден од швајцарските аеродроми.

Поради индиската мутација на кронавирусот, Германија воведе рестрикции за патувања од Индија, а слични мерки воведоа и Велика Британија, Канада и Кувајт.

Во Индија трет ден по ред се пријавуваат рекордни бројки на новозаразени лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се 346.786 нови случаи и 2.624 смртни сличаи, а болниците покрај тоа што се преоптоварени се соочуваат и со недостиг на кислород.