Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства, велат од таму.
Секој пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега. КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чувствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома. КИБФС апелира медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации, се вели во реакцијата.