– Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница за Попис 2021.