Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека „Иран доживува целосен колапс“, неколку часа пред Вашингтон да ги објави деталите за новите економски санкции насочени кон Техеран.
Трамп пораката ја објави на социјалната мрежа „Трут соушл“, откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно најави дека денеска ќе следува „економски Д-ден“ против Иран.
Американскиот претседател претходно соопшти дека САД започнуваат „економска војна и изолација“ против Иран во, како што наведе, невидени размери.
Тој исто така предупреди дека земјите чии финансиски институции, претпријатија, аеродроми или владини институции му даваат поддршка на Техеран треба да бидат подготвени да се соочат со сериозни економски последици.
