Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти – соопшти денеска АМСМ.
Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри.
