Женската ракометна репрезентација на Македонија во подмладен состав, загуби дома од некомплетната Црна Гора со 21-29 во ЕХФ Еврокупот.

На овој натпревар, во националниот сениорски тим дебитираа неколку девојки, од кои најмлада беше 14-годишната Ива Младеновска, која ги одигра завршните пет минути. Таа доби прилика и да даде гол од пенал, но за жал, не успеа да го реализира седмерецот.

Ристовска со 6 и Гичевска со 5 гола беа најефикасни. Грбиќ со 10 гола беше најпрецизна Црногорка.