Според веб-страницата на рускиот сервис „Роспотребнадзор“, на 24 март, списанието ги објавило резултатите од клиничките испитувања меѓу волонтерите на возраст од 18 до 60 години.
-Објавената статија покажува дека тестовите биле спроведени во две фази: првата фаза – отворена студија за безбедност, реактогеност и имунолошка активност во која учествувале 14 волонтери, на возраст од 18 до 30 години; втората фаза – едноставна заслепена компаративна рандомизирана студија контролирана со плацебо, во која биле вклучени 86 волонтери на возраст од 18 до 60 години – се вели во соопштението.
Вакцината со две дози создаде антитела, специфични за антигените, кои влегуваат во состав на вакцината, кај 100 отсто од волонтерите.
– Сероконверзија (процес во кој организмот произведува антитела) со титар на неутрализирачки антитела 1:20 е регистриран кај 100 отсто од волонтерите, 21 ден по приемот на втората доза – е наведено во соопштението на „Роспотребнадзор“.
Вакцината „Епиваккорона“ е направена од Новосибирскиот институт „Вектор“ и е втора вакцина против коронавирусот што е регистрирана во Русија. Тоа се случи на 14 октомври 2020 година.