Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино, ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете.

Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од буџетот на општина Неготино за 2021 година, како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана, стои во соопштението.