Ова е историски чекор за жените, рече судијата на Врховниот суд Луис Марија Агилар.

Одлуката на водечкиот мексикански суд сега отвора можност жените затворени за абортус да бидат ослободени, а може да доведе и до тоа жени од Тексас, кој забрани абортус по шест недели од бременоста, да отидат јужно од границата за да абортираат, коментираат светските агенции.

Во јули, државата Веракруз стана четврта од 32 мексикански држави што го декриминализира абортусот.