Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до сите граѓани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Тој посочи дека овој значаен датум потсетува на храброста и стремежот на генерациите за слобода и достоинство.

Гаши потенцираше дека пожртвуваноста и напорите на претходниците претставуваат дел од историската основа врз која денес се гради заедничката иднина на општеството.

„Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности. Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“, наведува Гаши во честитката.