– Денешните деца во просек ќе доживеат седумпати повеќе топлотни бранови и речиси трипати повеќе поплави, суши и уништени посеви поради забрзување на климатските промени, се истакнува во студијата.
Истражувањето укажува дека луѓето во земјите со низок и среден приход ќе бидат најтешко погодени, при што децата во Авганистан најверојатно 18 пати повеќе ќе страдаат од топлотни бранови од денешните возрасни, а децата во Мали ќе претрпат десетпати повеќе уништување на посевите.
Во студијата, реализирана од Спасете ги децата во соработка со климатолозите на Слободен универзитет во Брисел, се истакнува дека децата родени на почетокот од 21 век ќе доживеат екстремни временски настани во споредба со лицата родени во 60-тите години од 20 век.
– Климатската криза во суштина е криза за правата на децата истакна извршниот директор на Спасете ги децата, Ингер Ашинг.
Резултатите од истражувањето објавени се во „Сајнс магазин“ (Science Magazine).