Италијанската фудбалска федерација официјално влезе во трката за организирање на Европското првенство во фудбал во 2032 година. До европската куќа на фудбалот УЕФА е доставена комплетната документација со преглед на сите потенцијални градови и арени кои ги исполнуваат критериумите.

Претседателот на федерацијата, Џовани Малаго, испрати официјален допис до првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во кој детално се наведени капацитетите на предложените 14 стадиони лоцирани во 13 различни градови.

На прелиминарниот список се наоѓаат стадионите во Бари, Болоња, Каљари, Фиренца, Џенова, Лече, Милано, Неапол, Палермо, Салерно, Торино и Верона. Главниот град Рим конкурира со два спортски објекти, односно со култниот „Олимпико“ и проектот за сосема нов модерен стадион во областа Пјетралата.

Документацијата вклучува амбициозни проекти за целосно нови стадиони во Болоња, Каљари и нов „Сан Сиро“ во Милано, додека поголемиот дел од останатите ќе претрпат темелно реновирање. Бари, Болоња и Верона ја комплетираа потребната правна документација во последните моменти пред истекот на рокот.

УЕФА сега треба да спроведе строга контрола врз основа на 120 оперативни барања поделени во 11 тематски области. Проверката опфаќа инфраструктурна компатибилност, капацитети за прием на навивачи, пристапност, безбедносни стандарди и услови за светските медиумски екипи, по што Италија ќе ги избере конечните пет града домаќини.