Со двата гола на црногорскиот фудбалер Милутин Осмајиќ, екипата на Џенова успеа да слави попладнево на гостувањето кај Сасуоло со конечни 0:2. Осмајиќ погоди уште во првиот дел од натпреварот, по што домаќинот не успеа резултатски да се врати во играта.
Џенова на овој начин освои 16 бодови сезонава и се наоѓа на десеттото место на табелата, додека пак Сасуоло се соочува со проблеми со само осум освоени бодови и 17. место на првенствената табела.
Од друга страна пак, Болоња и Удинезе си ги поделија бодовите играјќи нерешено со резултат 1:1.
Зортеа и Заниоло се запишаа во листата на стрелците на овој дуел. По ова коло, Болоња е деветта, а Удинезе останува на претпоследната позиција.
