Македонските фудбалери полуфиналниот натпревар ќе го играат на гостински терен на 24 март, а во случај на победа решавачкиот натпревар за историски пласман на мундијалските завршници ќе го играат против подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција на 29 март, повторно на гостински терен.
Преостанатите полуфинални бараж дуели се Шкотска – Украина, Велс – Австрија, Рсија – Полска, Шведска – Чешка и Потугалија – Турција.
Пласман на Светското првенство од Европа досега обезбедија Германија, Данска, Франција, Белгија, Шпанија, Англија, Швајцарија, Холандија, Хрватска и Србија.
Светското првенство во Катар е на програмата од 21 ноември до 18 декември идната година, а жрепката за групната фаза е закажана за во април.