Тој пристигнал во главниот град на Србија со приватен лет, само за да се вакцинира. За неколку недели Џанлука повторно ќе дојде во Белград на ревакцина, а можноста да ја прими вакцината против коронавирусот, според медиумите, му ја овозможил пријател од Србија, белградскиот бизнисмен Андреј Кесиќ.

Италијанскиот плејбој додека се вакцинирал го искористи моментот да ја соблече маицата и да го покажа своето тело. Бил расположен и насмеан цело време, а доброто расположение го пренел и на медицинскиот персонал.

Џанлука Ваки се прослави со танцови видеа, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најпопуларните профили на Инстаграм, кои ги следат милиони.