Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) започна дисциплинска постапка против шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и најтрофејниот италијански клуб Јувентус поради плановите да играат во ново натпреварување од затворен тип.

– Етичките и дисциплински инспектори на УЕФА денеска се задолжени да спроведат дисциплинска истрага поради можно кршење на законските рамки на УЕФА од страна на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус во врска со таканаречениот проект „Супер лига“, соопшти УЕФА.

Најтешките казни со кои можат да се соочат трите екипи се исфрлање од европските куп натпревари во иднина, а за клупските претставници забрана за активностите поврзани со фудбалот.